Тарик Филиповиќ: Романтичен и внимателен сопруг

Водителот Тарик Филиповиќ, кој кај нас е најпознат по улогата на водител на квизот „Милионер“, со романтична порака на својот Инстаграм профил ѝ го честиташе 43от роденден на сопругата Лејла, а во честитките се придружија и неговите обожаватели.
Под фотографијата од Лејла Филиповиќ тој напиша:
„Се роди како Палешка…1700 г…на денешен ден…преубава девојка со големо срце….горд и среќен сум што 14 години сум дел од нејзиниот живот…среќен роденден љубов“.
Иако се сретнаа неколку години претходно, меѓу убавата поранешна Мис Хрватска, Лејла Шеховиќ, и актерот и водител Тарик Филиповиќ љубовта пламна по нејзиниот развод, во средината на 2006 година. Од тогаш тие се неразделни.
– Уживам со жената на својот живот- призна Тарик во 2007 година, во едно интервју. Во брак стапија во тајност истата година, а по два месеци се роди нивниoт син Арман. Лејла од првиот брак го има синот Дино, кого тарик го прифати како свој.
Денес 14 години подоцна, нивната љубов успешно гори, за што доказ е изјавата на Тарик „Ако не ги сметам децата, Лејла е најубавото нешто што ми се случи во животот.“
фото: Глорија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e