Ванеса Брајант по хеликоптерската несреќа остана без својот сопруг Коби (41), но и без својата ќерка Џиана (13) кои беа во хеликоптерот на кобниот лет.
Ванеса на социјалните мрежи објави емотивна порака со која се прости од своите најблиски и побара почит за нивната приватност во следниот период.
– Заедно со моите девојки сакаме да се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов за време на овој ужасен период. Ви благодарам за сите молитви, дефинитивно ни требаат. Ние сме целосно скршени за ненадејната загуба на прекрасниот сопруг Коби, неверојатниот татко на нашите деца, и мојата убава, слатка, Џиана, љубена, внимателна и прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бајнка и Капри.
Тажни сме и за семејствата кои ги загубија саканите во неделата и сочувствуваме со нивната тага.
Нема зборови да се опише нашата болка во моментов. Се радувам затоа што знам дека Коби и Џиџи се длабоко сакани од сите. Бевме благословени што ги имавме во нашите животи, посакував тие да се овде засекогаш. Беа две преубави души кои се одземени од нас прерано.
Не знам што носи животот после ова што се случи, невозможно е да се замисли животот без нив. Но, се будиме секој ден обидувајќи се да продолжиме понатака затоа што Коби и нашето девојче Џиџи за нас се светлина која ни го осветлуваа патот. Нашата љубов за нас е бескрајна и тоа не е мерливо. Само посакувам да можев да ги прегрнам, бакнам и да ги благословам. Да ги имам овде со нас, засекогаш.
Ви благодариме за поддршката и бараме од вас почит и приватност кои ни се потребни да се навикнеме на новата реалност.