Што прават кога ништо не прават: Вака изгледаат секојдневијата на кралското семејство

Дали некогаш сте се запрашале што прават членовите на кралското семејство по цел ден кога немаат обврски?

Ги следиме нивните јавни настапи, но што се случува зад затворените врати? Дали поминуваат часови на каучи гледајќи вести за себе на Гугл? Можеби одмараат гледајќи го омилениот скапоцен накит и јадејќи печење од егзотични птици?

За жал ништо од тоа.

Нејзиниото височество кралицата

Иако оваа година ќе наполни 92 години, кралицата Елизабета и понатаму е вредна како пчела. Најчесто се буди околу 7:30 часто и свири гајди, потоа доаѓа времето за средување на „хартиите“. Времето го поминува пишувајќи писна, организирајќи собири на витези, одржувајќи состаноци со своите вработени и претставници на дипломатијата, црквата, судот и војската.

Бидејќи кралицата мора да биде организирана, на секој му посветува по 20 минути. Кога ќе заврши со допишувањето и состаноците, ги изведува своите кучиња во прошетка

Во раните вечерни часови ги проучува извештаите од парламентот, а во среда има јавен состанок со премиерот.

Ужива во фотографијата, токму како и сопругата на нејзиниот внук Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.

Принцот Чарлс

Можеби некогаш ќе се појават повеќе информации за животот на принцовите. Она што сега го знаеме дека е на чело на 13 добротворни организации.

Воодушевен е со градинарство и напишал две книги за екологијата: Новиот поглед на светот и Иднината на храната. Освен тоа, слика акварели иако не добива најдобри критики.

Способно управува со своите пари и издвојува милион фунти годишно за своите синови.

Принцот Вилијам

Откако ја напушти хонорарната работа во ИСт Ангин амбулантата, принцот Вилијам се насочи кон родителските и кралските обврски.

За BBC изјави дека многу сериозно ги сфаќа своите должности и одговорности кон семејството и дека сака да ги одгледува своите деца како добри луѓе, но и дека своајта служба ја смета за многу важна.

Во слободно време многу сака скијање.

Војвотката од Кембриџ

Војвотката Кејт Мидлтон е мајка со полно работно време, но како и нејзиниот сопруг во последно време презеде повеќе должности.

Исто како и кралицата и таа е воодушевена од фотографијата. Таа е доживотен почесен член во престижното Кралско фотографско друштво кое го препозна нејзниот талент и ентузијазам.

Пред две години таа му се придружи на својот сопруг и принцот Хари, за да ја поткренат Heads Together, иницијатива за ментално здравје која се бори против стигмите околу истото. Ова без сомнеж одзема голем дел од нејзиното слободно време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e