Шербеџија: И како актер и како режисер, секогаш се чувствувам убаво во Битола

Во Битола вечерва свечено беше отворен Интернационалиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

На црвениот ќилим пред Центарот за култура во Битола продефилираа личности од културниот, општествениот и од политичкиот живот и филмаџии и гости од странство.

На него помина и актерот Раде Шербеџија, кој е режисер на филмот „Ослободувањето на Скопје“, со кој ќе биде отворено годинешното 37. издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

– Секогаш се чувствувам убаво кога сум во Битола, и сега како режисер, но и како гостин на фестивалот. Ова е фестивал кој ги вреднува кинематографите – изјави Шербеџија на црвениот ќилим.

Наградата за животно дело „Златна камера 300“ му беше доделена на славниот австралиски директор на фотографија, Џон Сил.

Активистите на „Битолско движење“ со герила-акција и со транспаренти ги дочекаа претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, додека чекореа по црвениот ќилим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e