Северина е осудена, но дали ќе оди во затвор?

Пејачката Северина Вучковиќ денеска пред судот во Загреб е прогласена за виновна и доби парична казна за навреда на социјална работничка.

Северина е казнета по член 17: „Тој што омаловажува или навредува претставници на државни органи, односно службени лица при вршење или во врска со извршување на нивните должности или нивните законски наредби, ќе се казни за прекршокот со парична казна во износ од 20 до 100 евра или затворска казна до 30 дена.

Според обвинението, Северина на 14-ти февруари минатата година го навредувала социјалниот работник на „Центарот за социјална работа Максимир“, а Центарот за социјална работа поднесе пријава за нарушување на јавниот ред и мир до полициската управа во Загреб за навреда и омаловажување на официјално лице.

Како што се наведува во извештајот, Вучковиќ се јавила во Центарот за социјална работа и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник во случајот“. Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови во разговорот со неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e