Северина е бремена, свекорот Кеба посакува да пее за внукот!?

Северина Којиќ е бремена, тврдат нејзините пријатели. Хрватската поп-ѕвезда ги откажала сите настапи, а не се појавила ни на концертот на својот свекор Драган Којиќ Кеба пред една недела. И самиот фолкер ги подгреал овие гласини, изјавувајќи дека наскоро ќе пее на прославата на раѓањето на својот внук, пишува српскиот портал „Србијаданас“.

– Сигурен сум дека Северина и Игор го чекаат своето прво дете, но тоа го кријат од јавноста. Тоа го соопштиja само на потесното семејство. Таа одеднаш ги откажа концертите, а не беше ниту кај Кеба во Центарот „Сава“. Ни се правдаше дека поради настинка не се појавила како гостинка на настапот на својот свекор, но никој не ѝ поверува дека поради тоа го пропуштила концертот. Знаеме дека беше во Америка на клиника за лекување стерилитет и лекарите очигледно ѝ помогнале да забремени – открил пријател на оваа брачна двојка и додал дека му е логично тоа што пејачката, имајќи предвид дека има 46 години, сака првите месеци од бременоста да ги помине без напор и стрес.

Кеба на прашањето дали Северина не дошла на неговиот концерт бидејќи е бремена, навестил дека хрватската ѕвезда и неговиот син Игор можеби очекуваат принова.

– Дај Боже наскоро да пеам на прославата на раѓањето на внукот. Ќе се случи и тоа. Исто така, ќе има пригоди Северина да биде гостинка на некој мој нареден концерт. Таа имаше оправдана причина поради која не се појави и не ѝ забележувам. Северина и јас се слушаме секој ден, a се слушнавме и по концертот. Сè е во ред – порачал фолкерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e