Северина и Дара Бубамара во војна

Дара Бубамара се налути на нејзината долгогодишна пријателка и колешка Северина Којиќ, бидејќи наводно таа и работела зад грб и не и давала поддршка кога ѝ била најпотребна.

Имено, Дара се навредила кога дознала дека Севе никогаш не сакала да ја поддржи на својот прв голем солистички-концерт, иако таа и ветила. Исто така, Дара неодамна дознала дека Севе ја користила секоја можност за да ја оговара  зад грб.

“Северина и Дара долго време беа многу добри пријателики. Точно е дека тие често не се гледаа една со друга, но постојано беа во контакт. Во тешки времиња, меѓусебно секогаш се поддржуваа “, изјави изворот за Ало, додавајќи:

“Кога Дара закажа концерт во Арената, Северина вети дека ќе го прослави својот 47-ти роденден на концертот. Исто така, Севе тогаш рече дека ќе го рекламира  концертот на нејзиниот  Instagram профил. Сепак Северина  ја излажала нејзината пријателка во двата случаи, а Дара го дознала тоа неодамна. ”

“Другар на Дара и открил дека Севе никогаш не сакала да дојде на нејзиниот концерт или да го рекламира. Северина наводно им се доверила на своите пријатели дека  и е срам да  промовира фолкерка и никогаш не планирала да го стори тоа ” .

Дара поради сето тоа одлучила да прекине со  пријателството со Севе,  ја блокирала на сите социјални мрежи и се заколнала дека никогаш нема да и ‘прости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e