„Се случи на една ливада“: Познатите откриваат како ја изгубиле невиноста

Кога си голема ѕвезда, тогаш за тебе се знае речиси се. Под тоа „речиси се“ спаѓаат и сексуалните искуства, како и губењето на невиноста. Еве со кого и на кој начин некои од најпознатите имиња на овие простори ја изгубиле невиноста…

Сузана Манчиќ

Губењето на невиноста е навистина трауматично искуство затоа што тогаш завршувате со еден живот и почнувате со друг. Невиноста ја изгубив на 16 години и тоа беше прекрасно искуство за мене. Толку многу бев заљубена во тој дечко и сакав само да му се предадам”, открила Манчиќ.

Цеца Ражнатовиќ

Бев невина се до 18-та година од животот. Прв пат легнав со маж со кој бев претходно година и пол во врска. Тоа не го направив поради потреба, туку од чиста љубопитност. Кога видов како изгледа сето тоа помислив, па сексот и не е нешто посебно. Дури со својот сопруг почнав да уживам во сексот”, рекла една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, Цеца.

Здравко Чолиќ

Прв пат имав секс на 15 години. Тоа се случи на една ливада, наоколу имаше камења, а во близина река – идила – што би се рекло со еден збор, а невиноста и ја подарив на една овчарка. На селските девојки кои чуваа овци во тоа време им бев многу симпатичен и сите сакаа да бидат со мене”, појаснил Чола.

Извор: ubavinaizdravje.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e