Македонската актерка Јана Стојановска се омажи за кошаркарот Андрија Бојиќ.
Свечената церемонија се одржа во хотелот „Југославија“ во Белград. Јана и Андрија се запознаа во Скопје, кога српскиот кошаркар пристигна во таборот на македонскиот шампион МЗТ жпред две сезони.
Тие се во врска се повеќе од една година, а неодамна во јавноста споделија дека го очекуваат своето прво дете.