Сара Мејс ја претстави новата песна

Со овој сингл се најавува новата соработка со Александар Ристески – Принц, за неговиот проект Femme Fatale, насловена „Копито“. Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс е миксан согласно потребите за Femme Fatale.

Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук, вели Сара Мејс.

View this post on Instagram

Аауч! 👊 #копито #ontheway 🎧🎬🎶

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on


Освен „фаталните“ девојки, проектот има и „посилна“ страна, која ја сочинуваат Александар Ристевски – Принц на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Спотот за оваа песна се работи во моментов и истиот треба да излезе до крај на месецов, a специфичната фотосесија ја изработи Дарко Мораитов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e