Роналдо и Ирина Шаик повторно заедно?

И покрај тоа што 33-годишниот напаѓач на кралскиот клуб Реал Мадрид  е во врска со 23-годишната Џорџина Родригес која во ноември минатата година му роди ќеркичка се чини дека Кристијано Роналдо сака да се помири со неговата поранешна девојка Ирина Шаик.

Од страна изгледа дека се идеална двојка со Џорџина која е мајка на неговото четврто дете Алана Мартина, но  странските медиуми пишуваат дека Роналдо и натаму следи за животот на неговата екс партнерка, 32-годишната Ирина со која се разделија пред три години.

Со поконкретни информации за ситуацијата се јави пријател на Роналдо кој вели:

„Кристијано жали за тоа како се заврши меѓу нив и натаму се интересира за нејзиниот живот.Тој мислеше дека Ирина никогаш нема да замине од него.“ – вели извор близок до фудбалерот.

Се шпекулираше дека убавицата го напуштила затоа што сонувала да роди и одгледа дете, а фудбалерот во тој момент не планирал да стане татко. Според други извори причина за нивната разделба бил опуштениот став на Роналдо кон други девојки и наводните неверства.

Ирина Шаик го изгубила трпението.

„Мојот идеален маж е искрен, верен, а исто така и џенталмен кој знае како да се однесува со жена. Јас не им верувам на мажи кои ме прават несреќна. Таквите ги сметам за момченца, а не за мажи. Мислев дека го најдов идеалниот, но испадна дека не е така.“ – изјавила тогаш ѕвездата.

Според некои медиуми манекенката потпишала договор со кој го обврзува Кристијано да не разкажува за нивниот однос.

Манекенката минатата година во март му роди ќерка на славнитот актер Бредли Купер, а се шпекулира дека и тајно се венчале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e