Роналдо е првиот човек со 200 милиони следбеници на Инстаграм

Иако главна опсесија на Кристијано Роналдо е да ги соборува рекордите поврзани со фудбалот, во последните години, Португалецот сè поголем фокус става и на вонфудбалските активности.

Така Роналдо кој несомнено е планетарна ѕвезда, стана првата личност со 200 милиони следбеници на Инстаграм.

Зад Роналдо се најде пејачката Ариана Гранде со 173 милиони следбеници, а трет е актерот и поранешен „кечер“, Двејн Џонсон со 170 милиони.

Втор најпопуларен фудбалер на Инстаграм е Лионел Меси со 141 милион луѓе кои го следат на оваа социјална мрежа, додека трет најпопуларен фудбалер е Нејмар со 132 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e