Роби Вилијамс стана татко по четврти пат, детето доби необично име

Пејачот Роби Вилијамс и актерката Ајда Филд Вилијамс, станаа родители на синчето на кое му дадоа необично име – Бо Бенедикт Ентовен.

Парот четвртото дете го доби преку сурогат мајка, а заедно веќе ја имаат 7-годишната ќерка Теодора, 5-годишниот син Чарлтон и 17-месечната Колет, која исто така ја добиле преку сурогат мајка.

Ајда среќната вест ја сподели на Инстаграм и ги изненади фановите.

„Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс, како и Колет, е биолошки наш, но го роди истата неверојатна суроат мајка. Благословени сме бидејќи нашиот син е здрав и сигурен во нашите раце и сега сме официјално целосно семејство“, напиша во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ