Роберто Кавали стана татко на 82 години

Модниот дизајнер Роберто Кавали (82) и неговата партнерка, 37-годишната шведска манекенка Сандра Бергман станаа родители на момче.

Имено, ова му е шесто дете на италијанскиот дизајнер. Момчето ќе се вика Џорџо, како таткото на легендарниот Кавали.

„Детето се роди минатата недела во Фиренца. Тој е здрав и прекрасен. Ме обземаа емоции кога го видов. Му го дадовме името Џорџо, по мојот татко кој го убија нацистите, кога јас имав само четири години“, раскажал Кавали.

Како потсетување, Роберто Кавали има две деца со првата сопруга Силванела Џијанони, со која беше во брак од 1964 до 1974 година. Тие се родители на синот Томасо и ќерката Кристијана.

Од вториот брак со Ева Марија Дурингер ги има синот Роберт, ќерката Сара и синот Даниеле.

Роберто Кавали е во романтична врска со актуелната партнерка од 2014 година, а ова е нивно прво дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e