Рита Ора конечно потврди: Мажена сум – а вака изгледа избраникот

Пејачката Рита Ора (32) конечно потврди дека се омажила за режисерот Таика Ваитити, 15 години постар од неа, опишувајќи ја венчавката како „совршен“ и „посебен ден“.

Ора го потврди за Heart Radio Breakfast она за што долго се шпекулираше додека го промовираше нејзиниот најнов сингл You Only Love Me, кратко откако позираше топлес за да го прослави објавувањето на песната.

“Да, се омажив. Официјално сум надвор од пазарот, луѓе. Решив да го задржам приватно и повеќе за себе, но со мојот нов спот го прикажувам она што можеше да биде”, изјави Рита.

“Кога се појавија гласини за тоа дали се омажив, сакав да импровизирам и да си поиграм малку со сите тие натписи. Сакав да организирам свадба која, како, не одеше според планот. Се разбира, тоа не е така во реалноста“, додаде таа.
7
“Мојата вистинска венчавка беше совршена. Точно беше како што сакав. Беше убава и совршена. Убаво е да чуваш некои работи за себе. Жал ми е што не е толку интересно. Еден ден ќе направам голема забава.” изјави пејачката која се уште не одлучила дали ќе го земе презимето на нејзиниот славен сопруг.

„Дефинитивно размислував да го земам неговото презиме, но многу се трудев за ова име Ора. Не знам… Навистина сè уште не сум одлучила“, рече таа.

Патем, парот ги поттикна гласините за свадба во август откако Таика Ваитити објави на социјалните мрежи. Режисерот од Нов Зеланд објави фотографија на која се гледа неговиот венчален прстен на левата рака.

Рита Ора и Таики Вејтити се заедно речиси две години, а претходно со години беа пријатели. Пејачката со косовско потекло претходно излегуваше со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа тој има две ќерки, Матева Киритапа и Те Некоикаха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e