“Раскошна“ убавица во редовите на „Викторијас Сикрет“

Конечно, за прв пат во својата историја, гигантот за долна облека „Викторијас Сикрет“ потпиша договор за модели со плус големина. Секој што го следи немилосрдниот свет на модата, знае колку е тешко да го направите патот до врвот, особено ако имате вишок неколку килограми. Но, денес работите се менуваат. На подиумите сè почесто се појавуваат девојки со облини. Така дури и глобалниот бренд што негираше модели со плус големина, се помири со новиот тренд. Манекенката која има среќа да „Викторијас Сикрет“ Али Тејт Катлер, која се гордее со своето тело.
Младата дама, која носи величина 14 (или наше L) дефинитивно спаѓа во категоријата „раскошни“ жени, ако се спореди со претходничките кои работат за оваа компанија. Али Тејт Катлер работи со „Викторијас Сикрет“ за нивната последна рекламна кампања, што е соработка со лондонската „Блубела“.

„Верувам дека јас сум прв модел со големина 14 на „Викторијас Сикрет“ и ова е огромен чекор во вистинската насока за компанијата. Ова е бренд што никогаш не престанав да го идеализирам кога бев тинејџер. Големината 14 е целосно стандардна за жените во Америка и јас сум среќна што „Викторијас Сикрет“ решија да ме користат како модел за оваа големина.“

Според Али, треба да има повеќе раскошни модели во медиумите и модата, бидејќи е стандард за жените во САД, а брендовите како „Викторијас Сикрет“ треба повеќе да слушаат што им кажува публиката и што им треба на жените.
Една од причините што модниот гигант ја почна кампањата со Али, е најновата колекција на брендот „Блубела“, кој води политика „сакајте го своето тело како што е“.

Во минатото еден од директорите на „Викторијас Сикрет“ зборуваше дека единствената причина зошто брендот не обезбедува платформа за појава на заоблени модели е недостигот на интерес од јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ