Прва искрена исповед на Дарко Лазиќ: Луѓето околу мене умираа, мислев дека сум следниот

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој се опоравува од тешката сообраќајка во емотивната исповед открива како се плашел за својот живот додека бил во болница каде гледал како пациентите секојдневно умираат.

Фолкерот за прв пат искрено разкажува за езивите искуства од болницата во Земун каде помина повеќе од еден месец откако на 23-ти октомври доживеа сообраќајна несреќа на патот кон Брестач.

„Најтешко ми беше додека лежев на интензивна и гледав како луѓето покрај мене умираат. Тогаш се плашев за мојот живот. Во устата имав цевка баш како и луѓето кои не преживеаа. Имавме дури и слични повреди. Гледав како еден по еден заминуваа на оној свет.“ – се сеќава на своите најтешки денови Лазиќ, а пренесува српски Курир.

Пејачот не се сеќава на моментот кога „слетал“ од патот, но открива дека има трауми поради кои со ноќи не спие.

„Не се сеќавам на моментот на несреќата, но после тоа имав кошмари. Се сеќавам една ноќ имав многу лош сон, се разбудив и искинав се на себе, сите медицински цевки, кабли, инфузии…На многу нешта не се сеќавам бидејќи лекарите ми даваа силни лекови за да ги издржам болките.“ – признава тој.

Дарко шест дена беше во вештачка кома и претрпе две операции. Прв пат во операциона сала помина шест часа кога му беше извадена слезината, а втор пат му беше оперирана ногата.

„Два пати бев во кома, иако после првата се пробудив на кратко. Втор пат од кома се разбудив по операцијата на ногата. Од тој ден се сеќавам на се. Не сакам да се присетувам на деновите минати во болницата, ме фаќа нервоза. Таму паднав психички, ми беше навистина тешко.“ – открива пејачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e