Принцот Хари и Меган Маркл најавија тужби за канадските папараци

Откако папарацо фотографија снимена во Канада излезе во јавноста, принцот Хари и Меган Маркл се заканија со тужба.

Маркл е сликана во парк на Островот Ванкувер, со својот син Арчи. Меѓу британските медиуми кои ја објавија сликата, е и „Дејли мејл“.

Адвокатите на британската двојка тврдат дека Маркл не дала согласност да ја фотографираат и дека фотографите се обиделе недозволено да снимаат внатре во имотот на Хари и Меган на канадскиот остров.

Канадски правници коментираат дека сликите можеби се направени незаконски, со нарушување на приватноста на принцот Хари и неговата сопруга.

Меган со својот син пристигна на Ванкувер кусо откако тие двајцата на 8 јануари објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности. Хари им се придружил по две недели, т.е. синоќа, според тамошните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e