Престижниот магазин Форбс за Тамара: Вистинскиот човек со вистинска порака за еднаквост

Престижниот Форбс со пофални зборови за нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска. Тие истакнаа дека со нејзиниот одличен настап ја направија Македонија горда.

Тие велат дека „Proud“ е песна која носи силна порака, ставајќи ги жените во преден план и многумина ширум Европа веќе ја нарекуваат и химна на феминизмот. Сепак Тамара објаснува дека оваа песна не е само за жените, туку баш напротив „Proud“ е песна за сите они на кои им било кажано да ја спуштат главата доле.

За Македонците кои гледаа Евровизија оваа година беше невројатен емоционален ролеркостер. Македонија водеше речиси цело време додека беа давани гласовите од жирито. Велика Британија, Албанија, Австрија, Данска и Швајцарија и дадоа 12 поени на Тамара. Со пораката која ја носи „Proud“ беше полн погодок и им беше фаворит на многумина, вклучувајќи го Бој Џорџ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e