Познатиот режисер Фатих Акин пристигна во Битола

Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин.

Го пречека директорката Гена Теодосиевска и му посака топло добредојде на фестивалот, откако тој од аеродромот во Скопје стигна во Битола. Тој се заблагодари за поканата и рече дека одамна сакал да дојде на „Браќа Манаки“ и дека веќе се чувствува пријатно во Македонија како да е дома.

Фатих Акин е специјален гостин на годинашново издание на „Браќа Манаки“, каде што утре (17 септември) во рамки на фестивалската програма ќе се одржи разговор со него и со Рајнер Клаусман, кинематограферот кој работи само со Акин.
фатих
Инаку, го нарекуваат германскиот enfant terrible од турско потекло, вечно насмеаниот Фатих Акин освен што е режисер е и сценарист, продуцент, актер… некои велат и извонреден DJ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e