Популарниот пејач „паднал“ на теорија на заговор: Еве што мисли за Земјата

Владо Георгиев гостувал во емисијата „Меѓу нама“, но неговите изјави таму предизвикале шок кај публиката и кај обожавателите.

Во текот на разговорот се спомнале глобуси, па тој кажал дека иако му се допаѓа таквата замисла за Земјата, не верува дека е топка, туку дека е рамна.

„Нема ниеден доказ. Коперник немал каде да се качи“, кажал тој.

На споменувањето на снимките од вселената, како доказ, тој изјавил дека се работи само за fish-eye ефект на објективот.

Имал и подготвено објаснување и за авионските летови:

„Погледнете како летаат авионите и ќе сфатите дека нема летови во круг, туку само на една страна. Ако летате од Јапонија во САД, тоа го правите преку Европа“, завршил тој, препорачувајќи им на сите да ги пребараат доказите за рамната Земја на Јутјуб и Гугл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e