Пејачот горд татко – Ацо Пејовиќ сподели среќни вести

Иако Ацо Пејовиќ го крие својот приватен живот од очите на јавноста, сега тој се огласи на социјалните мрежи и сподели среќни вести. Имено, неговата ќерка Марија од вчера е официјална докторка, а пејачот и неговата сопруга не криеја дека се горди.

ј

Ацо и Билјана имаат три ќерки, највозрасната Магдалена завршила на ФОН, додека средната Марија во септември минатата година дипломираше на Медицинскиот факултет во Белград

Марија Пејовиќ сега ја зема дипломата, ја положила Хипократовата заклетва, а на социјалните мрежи нејзината насмевка говори дека таа е горда на себе и на своите успеси. Марија се фотогрфирала пред факултетот со мајка и Билјана, додека во рацете ја држи дипломата која победнички ја кренала во вис.

Инаку, познато е дека ќерката на Пејовиќ дипломирала како еден од најдобрите студенти по Медицина. На социјалните мрежи се нижеле само честитки за големиот успех на младата докторка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e