Памела Андерсон тврди дека Хју Хефнер бил единствениот маж кој ја третирал со почит

Памела Андерсон детално ја опиша својата животна приказна за „Сандеј тајмс“ во ново интервју објавено во саботата, откри дека сакала да биде библиотекарка и дека Хју Хефнер бил единствениот маж кој кон неа се однесувал со почит.

Некои британски таблоиди веднаш реагираа на тоа дека нејзина првична желба била да работи во библиотека, објавувајќи фотографија од неа со опис: „Сигурно немаше да биде просечна библиотекарка“.

Андерсон откри дека поканата на починатиот основач на „Плејбој“ да се појави на насловната страница на неговото списание ѝ помогнало да ја врати својата сексуалност.

Запрашана од новинарот дали некој некогаш се однесувал кон неа со целосна почит, Памела рече: „Хју Хефнер“.

Ѕвездата од некогашната хит-серија Baywatch („Чувари на плажата“) рекордни 14 пати ја красеше насловната страница на „Плејбој“, пишува „Тајмс“, додавајќи дека по неговата смрт во 2017 година на 91-годишна возраст, името на Хефнер беше оцрнето со контроверзи и повеќекратни обвинувања за злоупотреба.

55-годишната ѕвезда – која беше во брак со Томи Ли, Кид Рок, Рик Саломон, Џон Питерс и Ден Хејхерст – стана позната во јавност откако првпат се појави на насловната страница на „Плејбој“ во 1990 година и вели дека искуството ѝ помогнало да ја зголеми самодовербата.

Таа се присети: „Бев болно срамежлива и го мразев тоа чувство. Затоа и го направив тоа. Едноставно повеќе не сакав да се чувствувам така.“

Канадско-американската актерка се прослави со улогата на Си Џеј Паркер во ТВ-серијата „Чувари на плажата“ и со право го носи епитетот секс-симбол на 90-тите.

Една од омилените холивудски русокоси отсекогаш ја истакнувала својата бујна биста и совршената фигура.

Андерсон (55) беше симбол на убавина, женственост и сексапил од 90-тите, а и денес може да се пофали со својата беспрекорна фигура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e