Новиот директор на МРТ Зоран Ристовски во одговор на прашање на 4news.mk вели дека следната година Македонија ќе учествува на конкурсот за избор на песна за Евровизија.
„Сигурен сум, речиси 100% дека следната година одиме на Евровизија во Софија“, рече Ристовски.
Ристовски потенцираше дека оваа година одиме и на победа на детска евровизија, потенцирајќи дека веќе се распишани јавните огласни за избор на композиција која ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 година и повик за аудиција на вокален нтерпретатор /и за јуниорскиот евросонг 2026 година.
„Заврши времето на нетранспарентен избор на учесниците на евровизија“, додаде Ристовски во одговор за 4news.mk
Тој додаде дека претходната недела имале и средба со ЕБУ (Европска Радиодифузна унија) кои предложиле и посебен пакет за МРТ (Македонска радио телевизија) кој ќе ги намали трошоците.
„Тие многу сакаат да се вратиме на Евровизија, дури и ни понудија пакет кој нема да биде толку голем товар во однос на трошоци за јавниот сервис“, заклучи Ристовски.
Последното претставување на нашата држава на овој музички натпревар беше во 2022 година, кога Андреа Коевска настапи со песната „Circles“.
