Никола Роквиќ по третпат стана татко

Пејачот Никола Роквиќ по третпат стана татко. Сопругата на Роквиќ, поранешната манекенка Бојана Баровиќ, се породи и на свет донесе ќерка на која и дадоа име Ангелина. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се добри. Бојана и Никола се родители на синот Симеон и ќерката Леона кои добија нови улоги како постари брат и сестра.

Пред неколку месеци парот организираше мала семејна прослава на која го открија и полот на бебето. На својот инстаграм – профил ја открија среќната веста дека очекуваат девојче споделувајќи мал дел од прославата со своите бројни следбеници

За време на прославата Бојана ја совладаа емоциите, а солзите радосници и ги наполнија очите. Пријателите и членовите на семејствата кои беа дел од прославата уживаа заедно во среќните моменти. Понесени од радоста Бојана и Никола скокнаа во базенот со облека, а по нив и сите гости на прославата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e