Никогаш во живот не ми било лошо како синоќа – Карлеуша се огласи откако и се слоши за време на еден настап

Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи и откри дека има големи болки и дека ѝ било многу лошо за време на настапот.

Пејачката Јелена Карлеуша, чии видеа од настапот неодамна направија хаос на социјалните мрежи, одржа концерт во Котор и направи забава за паметење, а потоа објави дека едвај стоела на нозе за време на настапот и дека ѝ е многу лошо.

Таа како вистински професионалец не сакала да ја разочара публиката, па останала на сцената до крај, иако, како што подоцна се огласи на Инстаграм, имала големи здравствени проблеми.

„Фала на сите кои дојдовте синоќа на настапот во Котор. Бевте фантастични. Ако забележувате чудно сум мирна. Никогаш во живот не ми било лошо како синоќа“, објасни Јелена на Инстаграм и додава:

„Едвај имав сила да се качам три скали од бината. Болката која во овој миг ја трпам е 10 од 10. Сепак стегнав заби и одработив поради вас, иако организаторите сакаа да одложиме. Брза помош по настапот не дозволив да повикаат зашто изгледав ужасно! Попрво би умрела отколку некој таква да ме види. За среќа, преживеав. Ова го напишав за да знаете…Некогаш ние во оваа работа пееме и го забавуваме народот и тогаш кога никој не знае дека ни е лошо. Крвава работа, особено за нас жените“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e