Неверната Миљана и пензионерот Милојко на страниците на „Дејли мејл“

Пред околу една година, Балканот ги запозна Миљана Божиќ (21) и нејзиното момче, пензионерот Милојко Божиќ кој има 74 години. Нивната приказна веднаш стана позната и врз основа на тоа беа поканети да учествуваат во српското реално шоу „Парови“.

Парот не штедеше бакнежи и допири пред камерите, но по кратко време младата Миљана беше забележана како флертува со помлади учесници во шоуто. Во септември Миљана и Милојко и официјално се венчаа, наведува „Дејли мејл“.

Но, во една од неодамнешните епизоди, таа била снимена како се бакнува со друг учесник, 60-годишниот Немања Стамтовиќ. Претходно, камерата на шоуто сними и нејзина наводна жешка акција со еден од помладите учесници.

Миљана ги демантирала наводите дека имала секс со некој друг, освен со својот сопруг. Но, оние кои го следат шоуто се сеќават дека имала орален секс со 35-годишен учесник, откако нејзиниот сопруг бил дисквалификуван.

Своевремено, Миљана за „Мирор“ потврдила дека имала интимни моменти со друг маж, а Милојко тоа ѝ го простил. Таа дури и неколкупати зборувала за потешкотиите со кои се соочуваат за време на сексот, а секако, никој нема да ја заборави нејзината изјава дека ако маж нема седи влакна во косата, воопшто не ја интересира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e