Настапува под дејство на силни аналгетици – Рада се подготвува за операција

Рада Манојловиќ пред неколку дена на настап во Данска доби страшни болки од кои не само што не можеше да оди, туку не можеше ни да зборува. Секако, веднаш ѝ беше укажана лекарска помош, ѝ беа дадени силни аналгетици и инфузија, која ја крена на нозе, па ја израдува својата публика со одличната изведба.

Иако болеста на Рада Манојловиќ не е безопасна, таа работи со полна пареа и на тој начин го загрозува и онака нарушеното здравје. Уште пред пет години лекарите ја советуваа да го оперира ‘рбетот бидејќи има големи проблеми поради приклештени нерви. Тогаш се зборуваше дека имала термин во угледна швајцарска болница, но како што гледаме, ништо не е решено.

Рада со години оди на физикална терапија која моментално ѝ помага, но болките се враќаат. Често пред патувањата мора да прима инјекции, антиблокери и да оди на масажа за да може нормално да работи. На влошувањето на состојбата влијае и тоа што поминува многу часови седејќи во автомобил или авион во сосема неприродна положба. Од друга страна, нејзината работа е таква што мора да носи високи потпетици, што воопшто не ѝ го радува ‘рбетниот столб.

Болеста на Рада Манојловиќ не е безопасна, иако мисли дека може да ги среди тие пршлени со масажи, вежби и инјекции, но начинот на живот не ѝ оди во прилог. По настапот и патувањето има силни болки што понекогаш не ја оставаат ни да спие. Не може да најде поза во која барем малку ќе се одмори – вели извор близок до пејачката и додава дека Рада многу се плаши од операцијата и дека тоа е нејзиното последно решение, кога нема избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e