Најпознатиот јутјубер на денешницата ги ШОКИРАШЕ фановите: Се повлекувам

Највлијателниот и најпознат јутјубер на денешницата PewDiePie најави дека се повлекува од Јутјуб во 2020 година.

Гејмерот, чиј кнал го следат дути 102 милини луѓе, кој досега заработи 30 милиони евра, тврди дека не може повеќе.

„Земам пауза од Јутјуб идната година. Сакав да го најавам тоа бидејќи цврсто одлучив“ рекол швеѓанецот.

Ова не е прв пат тој да го споменува заминувањето. Предходно оваа година во едно видео рече?
„Мислам дека би било добро во еден момент да земам пауза. Би било убаво да го немам Јутјуб во мислите за прв пат по 10 години“.

Неговата сопруга Марциа исто така беше јутјуберка, но од платформата се прости минатата година, објавувајќи дека поради присутноста на неа има проблеми со депресијата.

Видеата која PewDiePie ги објавува собрале 24 милијарди прегледи, додека пак на Инстаграм го следат 20 милиони следачи, а на Твитер 18 милиони.

Инаку, PewDiePie и Јутјуб имаат, благо кажано, комплицирана историја, пишува Форбс. Тој е далеку од најпопуларен автор на платфрмата, но зад себе има голем број контроверзии како онаа кога за време на стрим изговорил расистичен збор. Освен тоа, многу внимание, не баш позитивно, привлече кога плати маж преку Fiverr да држи знак со антисемистична содржина, од шега, поради што имаше проблем со Гугл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e