Милан Калиниќ може да добие пет години затвор за тепачката во која ја предизвика

Против српскиот актер Милан Калиниќ ќе биде поднесена кривична пријава за насилно однесување на спортски настан, дознава српски „Блиц“, додавајќи дека за ова кривично дело казната е од шест месеци до пет години затвор, како и паричен надоместок.

Калиниќ пред почетокот на вечното дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан во полуфиналето во АБА-лигата изминатата сабота, размени тупаници со навивач на Звезда.
Според информациите на српските медиуми од очевидците присутни во салата, тепачката се одвивала во ВИП ложата, а причината наводно биле местата на седење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e