Екс водителката Мелита Ракичевиќ ставила крај на дружбата со манекенката Александра Накова.
Во една расправија Накова ѝ рекла на Мелита дека била стара, со што Мели смртно и се налутила и дефинитивно му ставила крај на повеќегодишното пријателство. Доказ за тоа е Инстаграм, каде ниту Накова ниту Мелита повеќе не се следат.
Александра и Мелита почнале интензивно да се дружат по разводот на Накова со кошаркарот Никола Гајдајџиев. Често одеа заедно на луксузни патувања, имаа редовно секси фотосесии, двете ставија во исто време силикони и тоа кај ист хирург, имаа исти надргадби на косите, па дури имаат и слични силиконски усни.
извор: 1ТВ