Марија Шерифовиќ го напушта шоуто “Ѕвездите на Гранд”?

Марија Шерифовиќ проговори за мајчинството, па открила дека сериозно ќе се позанимава со чувањето на нејзиното дете, што би значело напуштање на жири комисијата на “Гранд”.

За заминувањето на Марија Шерифовиќ од овој “златен тим”, се шушка помеѓу секои две сезони откако учествува, а овој пат и таа ги подгреа гласините дека сериозно размислува повеќе да не е во жирито, бидејќи ” се заситила од се”.

Во последната емисија, Марија даде ново објаснување за нејзиното заминување по тековната сезона.

– Кога ќе ја напуштам “Ѕвездите на Гранд” тогаш ќе бидам мајка. Сакам сериозно да се посветам на ова, а не моето дете да го чуваат баби и дедовци – изјавила Шерифовиќ.

Поповиќ на тоа и одговори дека ќе мора да чека “уште една година”, бидејќи тој не сака да ја пушти да оди сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e