Убавата манекенка и поранешна водителка Симона Станковска наскоро ќе стане мајка. Симона веќе е во шестиот месец од бременоста, а веќе извесен период живее во Белград заедно со партнерот кој инаку е спортист.
Станковска веста за бременоста ја крие од очите на јавноста, а на социјалните мрежи ретко објавува фотографии од себе се со цел да не се види трудничкото стомаче.
Инаку, парот сега засега не планира свадба, туку голема веселба ќе направат по породувањето.
Во моментов двојката е на заслужен одмор во Италија, а манекенката ќе се породи во Скопје.