Земјава ќе настапи прва на Евровизија 2020

Македонскиот претставник на Изборот за песна на Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе биде прв кој ќе настапи на сцената во Ротердам.

По жрепката за редоследот на настапување што се одржа вчера во земјата-домаќин, Холандија, Гарванлиев како претставник на Република Северна Македонија ќе настапи прв на првата полуфинална вечер од 65. издание на Евросонг.

По Македонија, во првата полуфинална вечер што ќе се одржи на 12 мај, ќе настапат и Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи на 14 мај, кога ќе настапат Австрија, Молдавија, Полска, Сан Марино, Србија, Исланд, Чешка, Грција, Естонија, Данска, Бугарија, Швајцарија, Финска, Ерменија, Латвија, Грузија, Португалија и Албанија.

Директно во финалето на 16 мај се пласираат Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и земјата-домаќин Холандија.

Германија, Италија и Холандија ќе гласаат на првата полуфинална вечер, а Франција, Шпанија и Велика Британија на втората.

Македонската радиотелевизија интерно го избра Васил Гарванлиев за претставник на Република Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам.

Фото: Бојан Стоилковски/МРТ

Васил беше дел од ланскиот евровизиски тим на Тамара Тодевска како придружен вокал на Евросонгот во Тел Авив. Тамара со песната „Proud“ го постигна најголемиот успех на нашата земја во досегашните учества на Изборот за песна на Евровизија и со кумулативни 305 поени го освои седмото место. Според гласовите на жиријата, песната „Proud“ беше на прво место со освоени 247 поени.

Уште не е познато со која песна ќе настапи Васил и кој е креативниот тим што ќе работи на песната со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e