Македонец ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Честа да го скрши мразот и да ја отвори четиринаесеттата сезона на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја имаше фронтменот на Дипломатик Бенд, Стефан Величковски.

Имено, во првата емисија од првиот круг која ќе се емитува во сабота на 21ви септември, Стефан одлучи да ги отпее „Просјак и краљ“ од Адил и „Све је на продају“ од Саша Матиќ, а со тоа и да си обезбеди билет за вториот круг.

Новата сезона повторно носи промени во концептот, па овој пат покрај веќе докажаното шестчлено жири ќе има и специјален гостин кој ќе може да биде ментор на некои од кандидатите.
Победникот и оваа сезона ќе добие ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“, песна со видеозапис, како и автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e