Лила: Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот ќе поместиш и планини

Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, чекав побргу да поминат. Сè што правев, правев за себе и успеав да направам луѓето да не веруваат. Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот ќе поместиш и планини , вели водителката Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка, пишува ММС.

Филиповска синоќа беше дел од промоцијата на автобиографска книга „Ти си таа“ на популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

Лила вели дека голем комплимент ѝ било тоа што целиот процес успеала да го помине на нозе.

Мене тоа ми беше комплимент, јас сум успеала изминатата година да ја поминам на нозе стандардно и јас сум доволен доказ дека никогаш болеста не смее да се доживува така. Молете се и имајте нешто свето, тоа е убаво. Тоа го научив на хемотерапија. Сите другари беа со мене, но на хемо јас сум таа што ја дава раката и ја прима терапијата. Таму сте ти и Бог. Мене тоа многу ми помогна, сподели Лила.

Првпат за оваа борба, Лила Филиповска прозборе во интервју на почетоков на месецов, кога откри дека има измешани емоции, но одлучила да раскаже за својот сериозен проблем бидејќи повеќе од две децении ја споделува својата интима со публиката.

Целиот текст тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e