Лепа Брена се бори со болестите за кои нема лек

Лепа Брена долги години се бори со тромбофилија поради која неколку пати заврши во болница. А, поради здравствената состојба, пејачката целосно го промени својот животен стил. Покрај тоа што многу често оди на прегледи, таа го променила и начинот на исхрана, а спортува само онолку колку што ѝ дозволува лекарот.

Сепак, тромбофилијата не е единствената болест на Лепа Брена, бидејќи пред неколку години пејачката се соочи и со ревматоиден артритис, болест која ги напаѓа зглобовите. А дека болеста напредувала, се гледа на рацете на фолк дивата.
Ревматоидниот артритис е воспалителна болест која ги напаѓа зглобовите и е многу почеста кај жените отколку кај мажите. За жал, болеста Лепа Брена се’ уште нема лек, а причините за нејзината манифестација се многубројни, од наследните фактори до вируси и бактерии.l

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e