Лепа Брена и Саша Поповиќ морално и финансиски му помагаат на Дарко Лазиќ

Лепа Брена и Саша Поповиќ, докажале дека своите соработници никогаш не ги оставаат на цедило. Освен што се грижат за здравствената состојба на Дарко Лазиќ, Брена и Поповиќ матерјално ќе помогнат на семејството на пејачот.

– Од кога е Дарко доживеа сообраќајна несреќа, Поповиќ е секојдневно на директна врска со поедини лекари од КБЦ Земун – раскажал извор близок на семејството Лазиќ.

Поповиќ веднаш ја понудил својата помош во пари и во било што друго. Прашал дали е потребен транспорт на пејачот во некоја странска клиника или да донесат некој стручњак од странство.

Како што се дознава, Саша и Брена се едни од најблиските пријатели на Лазиќ и дознале дека Дарко должи огромни пари на рентаџии и дека родителите се во тешка финансиска ситуација. Затоа решиле да му помогнат на сите можни начини.

– Поповиќ веднаш сакал да дознае на кои луѓе Дарко должи пари, и преку заеднички пријател стапил во контакт со нив. Ги замолил да не го вознемируваат семејството, како и Ана Севиќ, и дека во иднина да му се јават него и им дал гаранција дека долгот ќе биде подмирен.

Исто така и Лепа Брена се приклучила во намерата да им помогне со парична помош на родителите на пејачот,на кои во овој момент и повеќе од потребни им се.

Сето ова кажано му е и на Дарко, со што пејачот е многу посмирен. Кога слушнал дека Саша и Брена се со него, полесно го поднесува опоравувањето.

Лепа Брена и Саша Поповиќ познати се потоа за помошта која ја даваат на други никогаш не зборуваат јавно. Така беше и овој пат.

– Би сакала Дарко да се избори за свето здравје и живот. Искрено да ви кажам, не би сакала повеќе тоа да го коментирам – било се што Лепа Брена сакала да каже за Дарко Лазиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e