Лепа Брена мора итно да оди на операција

Пејачката Лепа Брена во 1992-та година ја повредила својата нога, а според кажувањето на нејзиниот син таа повторно мора да оди на операција, бидејќи и се вратиле старите болки.

Имено според откривањето на деталите од страна на нејзиниот син Стефан Живојиновиќ пејачката мора да најде трајно решение и повторно да замине под нож.

-Кога бев бебе сум сакал да одам по скалите од првиот кат, Брена веднаш истрчала од тоалетот, тогаш коленото од ударот потполно и се отвори. Беше страшно, таа ме спаси мене, но се повреди себе си за цел живот. Трајното решение е повторна операција, вели Стефан за српски „Свет“.

Брена ја потврди оваа информација дека има проблем со коленото, но и дека засега терапијата од лекарите и помага сега за сега, па може да ја одложи операцијата уште некое време.

-Проблемот со левото колено ми се појави повторно во последните година дена, примив пет инјекции директно во колено и наредните месеци треба повторно да направат магнетна резонанца како би виделе дали се обновила ‘рскавицата, вели Брена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e