Лекарите со официјален став за здавствената состојба на Дарко Лазиќ

Дарко Лазиќ кој на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа се уште се наоѓа во болница  во Земун.

Имено како што дознаваат српските медиуми  денеска лекарите на семејството им соопштиле дека пејачот веќе два дена нема температура и тоа е одлична вест за понатамошното оздравување на Лазиќ.

-Дарко одлично се опоравува. Мал проблем беше покачената температура која веќе ја нема. Белите дробови се сосема во ред, а тој е се повесел. Едвај чека да го напушти одделението на интензивна нега, вели изворот.

Инаку со Дарко Лазиќ работи и физиотерапевт кој вежба со фолкерот за побрзо да прооди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e