себе, теретана, пилатес, понекогаш….Се трудам стварно, ама некогаш се осеќам како да играм брканица со себеси. Се трудам моите деца да не осетат дека сум воопшто отсутна, па давам се’ од себе набрзина да завршам се. Тука најголема жртва е времето за себе, но од друга страна толку многу уживам во се што работам, што не сакам да се откажам од било што. Мојот живот е убав, исполнет, и тоа ме прави среќна!“…
Со твојата работа со „Проект среќа“ внесе вистинска радост кај оние на кои никој не мислеше, децата од загрозени семејства. Со активности почна веќе во неделата, на 1. април…Што следи потоа?
– Проект среќа има годишна програма, на проекти кои се реализираат во текот на годината. Скоро сите проекти се однесуваат на млади лица и деца кои живеат во тешки услови. Првиот проект за оваа година се случува во моментов, веќе добро познат проект – „Среќно матуранти“, со кој помагаме на млади лица, кои живеат во тешки услови, им обезбедуваме матурска облека и комплетен аутфит, на сите кои ќе се пријават. Минатата година усреќивме 120 матуранти, полуматуранти, апсолвенти…Следен проект е нов проект, кој за прв пат ќе го реализираме годинава. Започнавме на 1ви април, а проектот се вика „Здраво Шампиони“. Со овој проект сакаме да им овозможиме на сите деца од Македонија, кои сакаат да се занимаваат со спорт, а немаат услови за тоа, услови за спортување, спортска опрема, и спорстки членарини, во зависност од афинитетите на детето. Ова е голем проект кој ќе трае до почеток на јуни, а се надеваме на голема поддршка од институциите и општеството. Потоа следува летниот камп за деца во социјален ризик, „Шарено лето“, летен одмор за секое дете кое неможе да си овозможи одмор…Следува „Среќна школска година“, школска опрема за секое дете…потоа ,,Топол дом за сите,,во соработка со УНИЦЕФ, потоа ,познатиот проект „И јас сум Дедо Мраз“,…..ова се само дел од нашите активности. Навистина работиме напорно да им овозможиме поклавитетен живот и пристап до она кое секое дете треба да го има, на сите млади луѓе. Следете ја фб страницата на Проект Среќа, и поддржете не!