Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 21 роденден.
Младата пејачка која моментално ужива на грчкиот остров Миконос преку социјалните мрежи доби еден куп честитки, а таа на своите фанови и следбеници исто така им се заблагодари преку Инстаграм.
„Ви благодарам на честитките. Многу сум благодарна што ве имам и што секојдневно ме подржувате и секогаш покажувате љубов кон мене. Не можам на сите поедничено да одговрам бидејќи ве има премногу. Ви благодарам“ напиша Анастасија.
На Инстаграм таа објави и дел од оние кои и го честитаа роденденот, а помеѓу нив беше и честитка од незината мајка.
Имено Цеца објави фотографија од Анастасија кога била мала и напиша“ Мојата кралица денес наполни 21 година, те сакам“ напиша таа.
Инаку деновиве Анастасија објави и неколку жежшки фотографии во минијатурно бикини кое едвај ги сокри нејзините интимни делови.