Ќерката на Бил Гејтс се вери со египетски милионер

Џенифер Гејтс, ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, се верила во текот на зимските празници со своето долгогодишно момче.

Џенифер Гејтс, која дипломира на Стенфорд, ќе се омажи за 28-годишниот Наџил Насар. Двојката ја споделува заедничката љубов кон коњичките спортови , а Џенифер планира целосно да се посвети по дипломирањето на трките со коњи на највисоко ниво.

И Џенифер Гејтс и Насар, кои се натпреваруваат во коњички спортови во Египет, родната земја на неговите родители, ја споделија среќната вест на Инстаграм. „Најџел Насар, ти си единствен“, ја започна својата емотивна најава со фотографија од среќниот момент. „Апсолутно ме нокаутира минатиот викенд изненадувајќи ме на одлична локација за една од многуте споделени страсти … милион пати да,“, напиша таа.

„Сега се чувствувам како најсреќниот човек на светот“, напиша Насар. “Џен, ти си сè што секогаш сум замислувал … и многу повеќе од тоа …”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e