Јелена нема да мине неказнето: Врањеш сака да и земе што повеќе пари, а еве што ќе направи со нив!

Фудбалерот Огњен Вранеш не сака да задржи ни динар од двата милиона оштета кои преку тужба ги бара од поп дивата Јелена Карлеуша по основ на нанесување на нематеријална штета, туку фудбалерот планира парите да ги донира во хуманитарни цели.

Врањеш во петокот попладне поднесе две приватни тужби како и кривична пријава поради навреди и закани кои му ги упати пејачката преку социјалните мрежи. Вредноста на судскиот спор, односно паричните побарувања на фудбалерот поради претрпената душевна болка изнесуваат два милиона динара, а судот во процесот ќе одлучи за конкретната висина на сумата која ќе му биде исплатена.

По пресудата Огњен открива дека парите ќе ги донира за хуманитарна помош.

 

„Целата на Врањеш беше не да ги задржи парите туку на Јелена да и покаже дека не може да му се заканува и јавно да го навредува, туку дека за тоа ќе сноси и последици. Веројатно е дека тој нема да ја добие побараната сума во полн износ, но колку и да добие, тој нема за себа да задржи ниту динар. Парите ќе ги подари на оние на кои им се најнеопходни. Многу е лут и повреден и сигурен сум дека нема да се откаже до крај, нема шанси да се предомисли и да ја повлече тужбата.“ – изјави близок другар на фудбалерот за српски Курир.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e