Имам 37 години и се уште сум немала секс само поради една причина: Најсексапилната олимпијка го шокираше светот

Лојо Џонс важи за една од најубавите атлетичарки на планетата земја, а вниманието особено го привлекува на терените со своите резултати, но и со една изјава која неодамна ја даде за медиумите.

Имено оваа атлетичарка која има 37 години призна дека се уште немала сексуални односи, а како главна причина за тоа вели дека тој чин ќе го остави за кога ќе се омажи.
-Се обидувале луѓе од различни друштва и сфери, дури и колеги атлетичари, но секогаш се прекинало со раскинување и мое скршено срце. Се одлучив на тоа прв пат да имам секс дури кога ќе стапам во брак, но никако да го најдам вистинскиот маж, раскажува Џонс.


Таа вели и дека од оваа идеја се уште не се откажала.

-Не знам зошто Бог се уште не ме благослови со брак. Многу мажи ми се допаѓаат, но тие се забавуваат со мене и мислат дека ќе ми го променат мислењето и ставот. Ме напуштаат кога ќе сфатат дека нема да имаме секс пред олтарот, вели таа.


Инаку за потсетување на неа и фалеа 10 стотинки за освојување на бронзата на олимписките игри во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e