Иако е најследена на Инстаграм, Селена се повлекува од социјалните мрежи

Селена Гомез паузира од социјалните мрежи само еден ден откако ја врати титулата најследена жена на „Инстаграм“.

30-годишната пејачка и актерка, која со 382 милиона следачи го собори рекордот поставен од Кајли Џенер во јануари 2022 година, реши да се повлече навестувајќи дека е уморна од онлајн-драмата откога фановите се обидоа да поттикнат кавга меѓу неа и Кардашјан.

Во видеото што го сподели на „Тик-ток“ таа вели: „Ќе земам секунда од социјалните мрежи бидејќи ова е малку глупо. Имам 30 години и сум премногу стара за ова. Но, ве сакам многу и веројатно ќе се гледаме подоцна. Само сакам да се одморам од сè.“

Одлуката на ѕвездата на The Only Murders in the Building доаѓа откако корисник на „Тик-ток“ објави видео претходно оваа недела, во кое ја обвини Кајли дека ѝ ги исмева веѓите на Селена, што и двете ѕвезди бргу го отфрлија.

Кајли, која има 380 милиони следачи на „Инстаграм“, коментира: „Ова е достигнување, вие момци правите нешто од ништо. Ова е смешно!“

Селена се надоврза: „Се согласувам со Кајли. Сето ова е непотребно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e