Гру погребан со најтажните стихови

Вчера на гробиштата во Белград беше погребан познатиот српски рапер Далибор Андронов – Гру. На погребот, покрај семејството, дојдоа да се простат од него и многу пријатели од естрадата, но и голем број негови обожаватели, а раперот беше испратен со песната од Мишо Ковач, „Једен дан живота“, а потоа и песната „Ја без тебе не могу да живим“, која ја свиреа трубачи. Кратко свиреше и посмртниот марш, но и песната „Тихо ноќи“.

Меѓу познатите од својот колега и пријател се поздравија пејачите Гоца Тржан, Ивана Петерс, Ненад Кнежевиќ Кнез, глумицата Драгана Мичаловиќ, водителката Душица Јаковлевиќ, раперите Ненад Илиќ Ила, Струка, Игор Лазиќ Нигор, одбојкарот Един Скоро, Марко Ѓуровски и други.

Српскиот рапер Гру загина во понеделникот. Тој настрада додека сурфаше на кајт во наутичкиот клуб „Земун“.

Зад себе остави сопруга и малолетни синови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e