Гоца Тржан: Успеав за влакно да се спасам и да не бидам силувана

Иако пејачката Гоца Тржан со Иван Маринковиќ не е веќе со години, нивниот брак се уште е главна тема во сите медиуми, а Иван во сите реали шоуа каде што учествувал зборува за нивниот однос. Гоца во повеќе наврати досега има истакнато дека се срами од фактот што воопшто била во него, а сега во интервју за српски „Курир“ откри и дека за малку ќе била силувана кога имала 17 години.

Секогаш се изненадувам кога ќе ги прочитам коментарите под некоја вест за тоа дека некој е силуван, малтретиран.. Има луѓе кои тоа го оправдуваат, а мене тоа ме шокира. Кога имав 17 години запознав еден дечко во дискотека, ме однесе до дома и во автомобил ме нападна, Едвај успеав да спасам жива глава, откри Гоца која веќе неколку години е во хармоничен брак со тапанарот Раша кој е доста помлад од неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e