Велешката џебна Венера, Ноне Неделковска веќе извесен период е сингл и ужива во слободата. Пензионираната пејачка неодамна го откачи црномурестото момче Рајан со кого беше заедно неколку години, а наместо да тагува, Ноне по цел ден си се фотка за „Инстаграм“ и позира на егзотични дестинациии кои ги посетува благодарение на крузерот на кој што работи.
Ноне од брод реши да се префрли на копно, барем на некое време и тоа во душата на Шпанија, во преубавата Валенсија.
View this post on InstagramBeautiful Madeira #lovethisplace #funchal #portugal #november #beautifuldestinations
Бидејќи е голем љубител на животните, таа одлучи да ја посети неверојатната зоошошка градина „Биопарк“ и со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографии и видеа од доживувањето.
Меѓу повеќето објави се најде и таква која ги насмеа сите оние што го посетија профилот на Ноне.
Имено, таа направи снимка од тоа како две големи желки имаат чин на парење, а пак Ноне не ги остави во приватност додека водат љубов и напиша: „Слушнете го нивниот звук кога водат љубов“.