Хајди Клум повторно ќе застане пред олтар или што се вели трета среќа!
По бракот со Рик Рипино, а потоа и музичарот Сил, германскиот модел судбоносното „ДА“ ќе му го каже на 16-години помладиот Том Каулиц, член на популарниот бенд „Токио хотел“.
Хајди (45) и Том (29) почнаа да се забавуваат во март минатата година, а се верија на Божиќ.
Светските медиуми очекуваат дека Клум наскоро ќе го објави и датумот на нивната свадба, а некои дури и шпекулираат дека Клум е бремена.